Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад, нарушен јавен ред и мир, пронајдена стара граната, 36 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 30.01.2021 во СВР Битола, З.Т. (51) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од 50 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 31.08.2021 во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Прогрес” во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување од три лица, сите од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе им биде поднесена соодветна пријава.

На 31.08.2021 во СВР Битола, А.Ј од с.Нижеполе, битолско, пријавил дека во близина на стара куќа во село Нижеполе пронашол бомба. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување излегол на местото и било констатирано дека се работи за четири рачни бомби од Втората светска војна кои биле безбедно подигнати. 

На 31.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа било констатирано дека 36 возачи возеле побрзо од дозволеното, од кои во населено место 14, додека 20 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. Откриени се и 12 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »