Press "Enter" to skip to content

Детска работилница во паркот на четвртиот ден на неделата на енергетска ефикасност (фотогалерија)

Денес во Битола продолжија активностите околу одржувањето на неделата на енергетска ефикасност која ја организира Општина Битола во рамки на проектот Подобрување на енергетската ефикасност кај објекти, а денешниот ден беше посветен на децата. Во рамки на неделата на енергетска ефикасност на ќе се организира интерактивна работилница со деца од основните училишта на тема, што е тоа енергетска ефикасност, која се одржа во Градскиот парк во Битола, детското игралиште со дрвени играчки.Наташа Лукиќ – одговорна за овој проект и проф. д-р Игор Неделковски од “ГАУС Институтот“ објаснија зошто е важно децата од мала возраст да се вклучат во енергетката ефикасност, а нивните мали, наивни, идеи се добредојдени за сите.Работилницата ја одржа Весела Богдановиќ, експерт на “ГАУС Институтот“, а дечињата преку едноставни примери се запознаа и одговараат за тоа што е тоа енергетска ефикасност.Во рамките на работилницата покрај тоа што имаше интеракција помеѓу децата и сите вклулени во проектот, а децата цртаа и пишуваа на тема Што е тоа енергетска ефикасност? на крај се одржа презентација на творбите од децата учесници.

 

More from ВестиMore posts in Вести »