Press "Enter" to skip to content

За крај на неделата на енергетска ефикасност, посета на спортската сала и презентација на платформа за промена на однесувањето (фотогалерија)

Денес, заврши неделата на енергетска ефикасност која ја организира Општина Битола во рамки на проектот Подобрување на енергетската ефикасност кај објекти:  Демонстрација на јавни објекти – “БЕНЕФИТ“.
Последниот ден започна со отворениот ден на проектот “БЕНЕФИТ“ и презентација на реализираното во рамките на проектот, енергетската реконструкција на Спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, која е во финална фаза, а за таа намена се вложени околу 297 илјади евра. За тоа реконструиран е кровот во главната сала, а направени се и други реконструктивни зафати во објектот, со што енергетската ефикаснот на објектот е зголемена за три класи, за што Наташа Лукиќ, менаџер на проектот “БЕНФИТ“, рече:-Денес ќе имаме можност да направиме увид во пилот објектот кој што беше избран како објект каде ќе се применат мерки за енергетска ефикасност. Имено сите знаеме од какво значење е спортската сала “Боро Чурлевски“ и сите сме свесни дека се потребни големи инвестиции за подобрување на состојбата во истата. Општина Битола вложува напори на различни нивоа користејќи различни средства од различни фондови, средства од Буџетот на општината, од државата и слично за да се подобри состојбата. Битно е тоа да се нагласи дека за овај пилот објект е придвидено да се направи евалуација на состојбата пред и после спроведените мерки за што експертите имаат започнато со активности во тој дел.Проф. д-р Игор Неделковски, ГАУС Институт – Битола, имаше презентација на Платформата за промена на однесувањето (BCP) кон енергетската потрошувачка, при што рече:-Денеска ќе промовираме алатка, фактички “он-лајн“ комјутерска игра за проучување на енергетските перформанси на објектите и промена на однесувањето. Оваа алатка е новина не само за Македонија туку и пошироко за балканскиот и дел од европскиот простор. Развивана е заедно со универзитетот од Кожани во Грција. Оваа алатка овозможува менаџерите на јавните но и на приватните објекти преку игра да се запознаваат за начинот на кој можат да ги намалат трошоците за енергија на својата зграда.На крајот од неделата на енергетска ефикасност м-р Емилија Сарафска од Општина Битола имаше обраќање на тема то Општина Битола прави за подобрување на енергетската ефикасност и намалувањето на загадувањето на воздухот, а ги претстави дел од проектите кои општина Битола ги има превземено и реализирано во таа насока, и рече дека Општината дава целосна поддршка на ваквите проекти.