Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 7.174 тестирањe, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола 19.
Регистрирани сe 573 оздравени пациенти од кои од Битола се 9.
Бројот на хоспитализирани пациенти во Ковид центарот во Битола е 38, а имало 4 ново примени пациенти и 2 испишани, а во амбулантата на инфективното имало 65 прегледи.
Во изминатото деноноќие почина 1 пациент на 70 годишна возраст од Битола.
Вчера во Битола беа регистрирани нови 18 пиозитивни на Ковид 19, а бројот на оздравени беше 13.
До сега во Битола има 6.767 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 283 случаи.
Пријавени се 32 починати лица, а едно починато лице е од Битола на возраст од 70 години во болнички услови.
Направени преку ЦЈЗ Битола 77 и преку “Плодност“ 92 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.