Press "Enter" to skip to content

Локалниот совет за волонерство и Општина Битола ги додели признанијата за 2020 година

Илче Ацевски, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Оливера Герзовска – Марковска добија Волонтерско признание за 2020 година.Локалниот совет за волонтерство ги додели волонтерските награди, за 2020 година, година која за сите беше предизвикувачка во секој поглед. Општественото живеење кое е познато како „новото нормално“ ни го отежна животот и начинот на работа. Иако се соочивме со големи предизвици, волонтерската работа и овој пат зазеде голем дел од нашето секојдневие, рекоа од Советот.

Илче Ацевски – Волонтерско признание за најголем придонес во волонтерска иницијатива за 2020 годинаСо почетокот на пандемијата се појави недостаток на медицинска опрема, пред се за медицинските лица во земјава кои беа најизложени на ризикот. Од оваа потреба произлезе формирањето на групата „3Д Принт Медицинска Опрема“, која дизајнираше и изработуваше визири со помош на 3Д принтери. Илче се вклучува во акцијата со свои два 3Д печатари и со два од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, од кои едниот лично го добил од Фондот за иновации. Преку акцијата биле донирани визири во скоро сите медицински установи во Битола. Потоа, Илче продолжил самостојно да работи со свој материјал и изработил визири за сите основни и средни училишта, за УКЛО, дел за Општина Битола, дел за градинките ЈОУДГ „Мајски цвет“ и ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ – Битола. Сево ова барало тримесечен волонтерски и финансиски ангажман од Илче, преку кој тој лично изработи и донира над 1.400 визири, а вредноста се проценува на 15.000 евра.

Оливера Герзовска Марковска – Волонтерско признание за поттикнување и развој на хуманост и волонтерски акции за 2020 годинаПод менторство на Оливера основан е и активен клубот „Интеракт клуб Битола Широк Сокак“ во кој членуваат наши млади сограѓани од 12-18 години. Клубот постои од 2018 година, при што 30 млади лица се насочуваат кон вистински цели.  Оливера на овие деца им е не само ментор во нивниот Интеракт Клуб, туку таа е нивна поддршка и за нивните приватните прашања и потреби особено во ситуации кога се на патувања надвор од градот. Во 2020 година под менторство на Оливера Герзовска Марковска и покрај ситуацијата со Ковид 19 беа реализирани 7 проекти. Еден од најважните проекти кои се на нејзина иницијатива е и проектот за донација на опрема за Ковид центарот во Битола во вредност од 35.000 евра кои беа собрани од минатогодишниот Битолски Новогодишен базар, сопствени средства на членовите на Ротари клуб Битола Широк Сокак, донации од партнерски клубови и донација на Ротари Интернационал.

ОУ„Св. Климент Охридски“ Битола – Волонтерско признание за организатор на волонтерска работа за 2020 годинаСекој септември во ова училиште тимот којшто работи на волонтерските активности прави програма за работа и се обновува тимот на волонтери од страна на учениците со кои потоа заедно се донесува програмата. На почетокот на учебната година беше спроведена акцијата „Да си подадеме рака“ за собирање и распределба на зачувани училишни униформи, училиштен прибор (тетратки, моливи, боички, училишни ранчиња и слично) за помош во материјална подготовка на учениците од претходно подготвениот список на деца од социјално ранливите категории за престојната учебна година. Учениците волонтери ги извшуваат сите фази од акцијата: агитација, собирање, комплетирање и доделување на материјалите. Друга голема акција што ја спроведе ова училиште е „Новогодишно пакетче за секое дете“. Во учебната 2020/2021 година, за учениците од прво до трето одделение коишто беа со физичко присуство им доделија училишен прибор (на оние што ќе се согледа дека тоа им е потребно), а за поголемите се спроведе акцијата „Да бидеме хумани и да им помогнеме на оние што не можат да следат настава од далечина“.

More from ВестиMore posts in Вести »