Press "Enter" to skip to content

Мирен протест на “Магнолија“ за слободен избор и против “присилната“ вакцинација

И оваа недела се одржа мирен протест на плоштадот “Магнолија“ во Битола, на кој според говорниците се протестираше за слобода и за слободен избор, без притисоци и закани преку дискриминирачки мерки. На протестот зборуваа Игор Петковски и Бенита Дуковска кои рекоа дека со жалост мораме да констатираме дека од сите чуми, најголема е онаа човечката, онаа која човекот си ја прави на самиот себе, а тие се тука за да победи вистината.-Добивме ограничување на слободата, започна дискриминација и се со цел насилна вакцинација. Не зборуваме како антиваксери, ние тука мнозинство сме луѓе кој досега се десеттина пати вакцинирани. Овде зборуваме како луѓе кој се “присилени“ да се вакцинираат со одземање на слободата за неограничено движење и нормално функционирање, беше речено, а за барањата додадоа дека бараат веднаш да се повлечат сите рестрикции и забрани кои се однесуваат на невакцинираните граѓани против ковид-19.

Поради дождот не се одржа протестен марш по Широк Сокак, кој е најавен за идната недела.

More from ВестиMore posts in Вести »