Press "Enter" to skip to content

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста (фото)

На летната тераса на хотел “Епинал“ во Битола, на пладне се одржа трибина во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, по повод 30 годишнината од незавосноста на Македонија.Трибината се одржа под слоганот “30 години се грижиме за Македонија“,  со што партијата го одбележа јубилејот од независноста на Република Македонија.На трибината „30 години се грижиме за Македонија“ учество ќе зедоа видни личности од
политичкиот живот во изминатите 30 годинии, а прв говорник беше поранешниот министерот во првата македонска влада Мартин Тренески, кој потсети како беа тие денови кога се подготвуваше и се гласање за незавосност на државата.Уште збруваа и поранешниот потпретседател на Влада, амбасадорот Маријан Ѓорчев, поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеникот и градоначалник Коце Трајановски, поранешниот премиер, министерот и пратеник Емил Димитриев и првиот градоначалник на општина Битола,  Златко Милошески.-На крајот на минатиот век бевме млади, неискусни, ни се случуваа промени, многу брзо ни се случуваа промени во тогашната држава, течеа настаните како на филмска лента, се донесе закон за плурализам и тогаш се формираше ВМРО-ДПМНЕ. Имаше ентузијазам да направиме држава, самостојна Македонија и тоа се случи, рече првиот градоначалник на општина Битола, Милошески.Претходно делагации на ВМРО-ДПМНЕ предводени од генералниот секретар на партијата Сајковски и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Пеце Милевски положија цвеќе на споменикот на револуционарната борба во Битола.Централната прослава „30 години се грижиме за Македонија“ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот “Магнолија“ во Битола, а пригоден говор пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски.

 

More from ВестиMore posts in Вести »