Press "Enter" to skip to content

Пораз на кошаркарите на Пелистер на пријателскиот натпревар во Солун

Арис – Пелистер 91:71

Екипата на Пелистер во рамките на подготовките за следната сезона го одигра првиот контролен натпревар со кој започна да ја темпира формата за натпреварите кои следат, какао рече тренерот Илиевски со силни екипи, со кои ќе го одмерат квалитетот, не само во Битола туку и на гостувања.

Прва контрола на кошаркарите од Битола беше екипата на Арис во Солун. “Пелистерци“, а загубија со 91:71 од  грчкиот кошаркарски гигант.

Мечот се одигра на гостински терен во Солун, а Пелистер губеше константно уште од самиот старт. Сепак, контролата со Арис беше добар тест за избраниците на Марјан Илиевски за предизвиците кои допрва следат.

Најдобар кај Арис беше Коувен Џуниор со 26 поени, пред Вилијамс со 16 и Локет со 13 поени, додека кај битолчани Кесар имаше 12, а новајлиите Чиз, Караџовски и Младеновски реализираа по 11 поени.

До крајот на подготовките Пелистер ќе го чека уште еден пријателски дуел во Солун, против екипата на ПАОК на 18 септември.

Фото: ARIS B.C.

More from ВестиMore posts in Вести »