Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади, ограбено казино, пронајдени стари гранати, сообраќајни контроли

На 09.09.2021 во СВР Битола, Љ.Б. (58) од село Кукуречани, битолско, пријавил дека во поштата во село Кукуречани, битолско, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2021 во СВР Битола било пријавено дека во во нива во атар на село Кременица, битолско, била пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита за спасување гранатата била безбедно подигната.

На 08.09.2021 година во 09.50 часот во СВР Битола, вработен во Јавното претпријатие „Стрежево“ пријавил дека на брегот на Стрежевското езеро, во атар на село Свињиште, пронашол неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка. Увид бил извршен.   

На 08.09.2021 во СВР Битола било пријавено дека во казино на булевар „1 ви Мај” во Битола едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2021 во СВР Битола, Б.К.(41) од Битола пријавил дека бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2021 во СВР Битола, М.М.(35) од  Битола пријавил дека на ул.„Дебарска” во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 76 мерки против возачи, од кои 44 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 32 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 15 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.