Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола вечерва соопшти дека д-р Тони Коњановски е кандидатот за градоначалник на Битола и коалицијата “Македонија за сите луѓе“.
-Коњановски е долгогодишен доктор, битолчанец од стара позната градска фамилија, а професионално ја продолжува традицијата на својот татко. Д-р Тони Коњановски, својот работен век го поминува во ЈЗУ “Центар за јавно здравје”, а последниве четири години ја извршуваше и функцијата советник во Советот на општина Битола. Коњановски беше член на Советот на општина Битола.
Носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, ќе биде Пеце Милевски – кој на извршува функцијата претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Битола.