Press "Enter" to skip to content

Традиционалната ликовна изложба на “Малиот Битолски Монмартр” за денот на независноста (фото)

Културно и информативниот центар “Битола“  го одбележа Денот на независноста 8. Септември – 30 години од Независноста на државата во Битола, со традиционалната ликовна изложба која по овој повод низа години наназад ја реализира “Малиот Битолски Монмартр”.  На настанот кој се реализираше во објектот на КИЦ “Битола“ – “Кино Манаки” пред присутните гости, љубители на уметноста се обрати директорката, Сандра Котевска која рече:-Ви го честитам големиот државен празник, Денот на независноста поточно јубилејните 30 години независнот, кој што го одбележуваме со овие прекрасни ликовни дела на повеќе млади уметници под покровителство на еден голем битолски бренд “Малиот Битолски Монмартр”.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска во своето обраќање по повод настанот пред присутните истакна:-Уметноста не знае за граници а факт е дека Битола е културен центар. Пред се би сакала да го честитам Денот на независноста а потоа веднаш да акцентирам дека оваа вечер со нас како и изминатите 40 години е “Малиот Битолски Монмартр“. Чичко Коста е симбол на културното милје на Битола а неговите пионерски чекори пред 40 години и цел животен век посветен на работата со најмладите не задолжи да го негуваме неговото чедо “Малиот Битолски Монмартр“ кој е културен печат на Битола.  Живееме во тешки времиња на ковид Пандемија кога искрено од душа ни недостигаше низ овие две години детскиот џагор низ Старата битолска чаршија ни сите локации низ градот каде се воодушевувавме на детските ликовни вештини. Искрено честитки до КИЦ “Битола“ и “Малиот Битолски Монмартр“ за оваа изложба и сите 22 истакната уметнички дела со кои го одбележување овој голем датум за нашата држава.Претседателот на здружението, “Мал Битолски Монмартр“, Елена Хаџи Антоновска во своето обраќање истакна:

Малиот Битолски Монмартр својот 40-ти јубилеј го слави преку целата година, но на овој ден традиционално се претставува со своја изложба во чест на празникот. Изложените дела се од богатиот фонд на МБМ, но овие денес овде за прв пат се изложуваат. Огромна чест и задоволство ни претставува што за прв пат соработуваме со КИЦ и гостуваме во киното “Манаки“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »