-Во мојата новинарска кариера има пишувано и регистрирано настани од спортот во Битола за кои може да се рече дека се историски и дека биле први по нешто, а пред 10 години имам регистирано дека во Битола се одиграл првиот официјален фудбалски натпревар, ноќе под рефлектори, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство. -Првиот фудбалски официјален натпревар, во ноќен термин, и под рефлектори е одигран во Битола пред точно десет години, на стадионот “Павел Шатев“ или како што битолчани го знаат овој терен, “Ќумурното“, вели Миновски и додава:
-Честа да го одиграат овој фудбаски историски натпревар ја имаа фудбалерките на Топ гол кои во пелагониското дерби, против екипата на прилепска Победа. Екипата на Топ гол ја водеше Кире Грбевски, кој и денес е на таа фунција во “неговиот“ клуб, инаку син на Цане Грбевски, познат поранешен фудбалер на Пелистер. На натпреварот победија битолчанките со 1:0.
Овој стадион кој е омилен кај битолчани од секогаш. Тука порано тренирале фудбалерите на Пелистер, играа фудбалерите на Транскоп, а тука се одигруваа натпревари од многу популарната градска лига.
Стадионот во 2011 година беше комплетно реновиран, а покрај нов терен се изградија соблекувални и трибини, и се поставија рефлектори. Потоа по неколку години на “Кумурното“ имаше нова реконструкција, природната трева беше заменета со вештачка трева, а тука се одигруваат натпревари од Првата фудбалска лига, од Втората фудбалска лига, општинските лиги…
-За помладите да појаснам од каде името “Ќумурно“. Теренот порано наместо трева имаше некоја црна згура, за која некои велеа дека е пепел која останувала од некој котел. Таква згура имаше и околу поранешниот фудбалски терен на војската, во Касарната, кој се наоѓаше на местото каде сега се изгради мал трговски центар, вели Миновски.

Деновиве пред 10 години: прв официјален фудбалски натпревар под рефлектори, го одигра ЖФК Топ гол (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Високостручна конзервација на фрескоживописот од 12 век, на оригиналните фрески, меѓу кои е и фреската на познатиот “Ангел од Курбиново“ – Белиот Ангел (фото)
- Деновиве пред 10 години: мото-тура и моторџиско дефиле низ Битола (фотогалерија)
- Генерацијата 2004/05 поздравена од Битола пред шампионската промоција на годинашниот шампион (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: два дена Битола беше миросана и се претвори во голема црква (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: по три години без бокс во Битола, два клуба на државно, Бранител и Пелбит (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола дел од проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво“
- Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
- Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)
- Фото вест: започнаа подготвителните работи за изградба на кружниот тек кај “Ветеринарна“