Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во гости во Велес

Борец – Пелистер 2:1 (1:1)

Фудбалерите на Пелистер во гости се поразени од екипата на Борец во Велес во рамките на 6. коло од Првата фудбалска лига, по паузата поради настапите на македонската репрезентација. 

Екипата на Борец ги победи зелено-белите со 2:1, полувреме 1:1. Уште во 6. минута Зарате биеше кон битолскиот гол и со многу среќа го совлада Трајчевски за 1:0. Во 26. минута Принц Ампонсах не успеа да погоди за израмнување, но пред крајот на полувремето по фантастична асистенција на Размоски, погоди со глава, за израмнување на 1:1.

Во второто полувремета во 56. минута Трајковски биеше од далечина, а од блокот на Домингез топката го промени правецот и го измами Трајчевски за 2:1.

Пелистер останува на дното со само еден бод и со само еден постигнат гол на гостинските натпревари сезонава. 

More from ВестиMore posts in Вести »