Press "Enter" to skip to content

Во Битола 3 нови случаи на ковид-19, оздравени 7 пациенти, активни 245 случаи

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на ковид-19, од нив од Битола се 3.

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од Битола се 7.

До сега во Битола има 6.941 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 245 случаи.

Пријавени се 12 починати лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.