Press "Enter" to skip to content

Млади од Битола и Турција ги “учеа“ битолчани за паркирањето низ градот (фото)

“Together Macedonia“ е невладина организација која е основана во 2007 година од страна на млади ентузијасти со цел придонесување во граѓанското општество, пред се во Битола, а потоа и во цела држава. До денес оваа организација има направено многу размени на млади луѓе како и многу локални активности за зголемување на свеста на граѓаните.Една таква активност каде што акцент ставаме на правилно – погрешно паркирање сè со цел граѓаните да паркираат правилно пред се дa се намали метежот односно заштедување на време и одбегнување на казни.Оваа активност ја спроведуваме заедно со млади дојдени на размена од Турција. “Together Macedonia“ верува дека ние младите сме движечка сила и визијата е зајакнување на младите бидејќи тие се водачите на утрешниот ден. Како дел од тимот на “Together Macedonia“ одлучивме да ја кренеме свеста за паркирање во зони за паркинг како и да направиме безбедно општество за децата и возрасните. Со овие активности се надеваме да направиме големи промени. Нашата цел а да го подобриме нашиот убав град Битола со мали чекори.

Ангела Плушковска

More from ВестиMore posts in Вести »