Press "Enter" to skip to content

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на средба со пензионерите

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес имаше средба со здружението на пензионери на Битола, а по средбата изјави:-Денес се сретнавме со Здружението на пензионери и она што е вистински предизвик е нивниот ентузијазам, подготвеноста да си помогнат меѓу себе и енергијата која ја вложуваат подготвени со идеи и ангажман за вистински квалитетен живот на оваа група граѓани. Прашањата за зголемување на капацитетите за згрижување на оваа категорија наши сограѓани и социјално покровителство – патронажа, кое ќе им доставува услуги на возрасните лица во нивните домови, субвенционирањето за институционално сместување и поддршка во креирањето и организирањето културно – забавни настани преку отворање клубови по урбаните и месни заедници се точки од кои ќе тргне новата локална самоуправа во обезбедувањето поквалитетен и подостоинствен живот за пензионерите.

More from ВестиMore posts in Вести »