Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, во рамките на програмата “Еразмус +“ во хотелот “Капри“ го реализира проектот „Антициганизам и дигитални медиуми”. Проектот се реализира со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија, кофинансиран од Европската унија.
-Целта на проектот е е да ги запознае младите луѓе со терминот „антициганизам“, што значи тој, последиците од истиот и начините на превенција, со акцент на дигиталните медиуми како најшироко познат дистрибутер на вести и информации кои што ги користат младите. Специфични цели на проектот беа запознавање со терминот „антициганизам“, начините за превенција и борба против него, препознавање на лажни вести на дигиталните медиуми со акцент на социјалните мрежи како начин за борење со „антициганизамот“, а со тоа и зголемување на дигиталните вештини кај младинските работници и младите, промоција на инклузијата на луѓето со помалку можности, со акцент на ромите и другите малцинства, мигрантите и бегалците, зајакнување и развивање на вештините на младинските работници со цел да се овозможат да ги едуцираат младите како успешно да се борат против дискриминцијата, стереотипите и говорот на омраза, вели Фатма Бајрам Аземовска.
Во проектот покрај домашните учесници се и од Србија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Турција, Бугарија и Романија.