Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со трета победа по ред, во Битола убедливо победен Пролет (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 29:22 (13:10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола Гледачи: 600
Судии: Ѓорѓи Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Кузманоски 8, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски 2, Мирчевски, Петровиќ 4, Андонов, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ 4, Белистојановски, Ѓукиќ 3, Блажевски 1, Арсеновски

Пролет: Петковски 1, Цветковски, Аларов 1, Манев, Пецаковски 5, Додевски, Ивановски, Димов 2, Андоновски, Џонов 3, Мајнов 1, Крстевски 1, Голубовиќ 3, Фичорски, Палевски 3, Пејовиќ 2.

Во рамките на 4. коло од Супер ракометната лига, во Битола, екипата на Еурофарм Пелистер 2, ја забележа и третата по ред победа, овој пат над Пролет, победувајќи го убедливо со резултат 29:22, полувреме 13:10.Иако екипата на Еурофарм Пелистер 2 започна без повредените Талевски, Димитровски, Бутурац и Ѓорговски, по -2, започна да игра како и посакуваше тренерот Јовиќ и за брзо поведе со +1 (7:6). По одличните одбрани на Трајкоски и головите на Димитровски и Ѓукиќ беше +4, а на одмор се отиде со 13:10. Кога започна вториот дел од натпреварот “пелистерци“, тргнаа одлично и дојдоа до +5, а по меколку обиди да се вратат гостите во игра, сепак разликата остана +5 (25:20). Добрата игра во одбрана и сигурното и брзо постигнување голови од контранапад на ракометарите ба Еурофарм Пелистер 2, не им дозволи на Пролет ни малку надеж во завршницата, а натпреварто заврши со +7 за битолчани, 29:22.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Кузманоски со осум и Павле Атанасијевиќ со шест гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »