Press "Enter" to skip to content

Од денес попишување на битолчани во новата сала на Советот во Општина Битола

Во пописниот реон 20, во општините Битола, Новаци и Могила, во тек се завршните активности и попишувања на граѓаните кои се жители на овие општини.

Од денес, од 8 до 20 часот, граѓаните кои не го оствариле своето законско право, поради тоа што не биле во своите домови при посетата од попишувачите, тоа ќе можат да го направат во канцеларијата на пописниот реон 20 во новата сала на Советот на Општина Битола на ул. “Булевар 1-ви Мај“ бр. 61.

Телефонскиот број за контакт со пописната комисија е 075276982.

Целта на ваквата можност е никој да не биде пропуштен во пописот.

Пописот треба да заврши на 30 септември, а добиените податоци, во иднина ќе помогнат за долгорочно планирање на политиките и проектите од интерес на државата и граѓаните.

More from ВестиMore posts in Вести »