Press "Enter" to skip to content

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, на средба со Сојузот на борци

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, оствари средба до дел од Сојузот на борци од Битола, а потоа изјави:

-Антифашистичката борба за национална слобода и АСНОМ, заедно со двата Илиндена, се цврстите темели, врз кои е изградена современата македонска држава. На денешната средба со претставниците на Сојузот на борци, заедно се обврзавме, дека ќе ги вклучиме новите генерации во одбележувањето и негувањето на датумите и хероите од овој период, а новата локална самоуправа ќе се погрижи за достоен изглед, уредување и одржување на спомениците и партизанските гробишта.

More from ВестиMore posts in Вести »