Press "Enter" to skip to content

На граѓанска трибина на СДСМ во Битола промовирани кандидатите за градоначалници, Кондовски за Битола (фотогалерија)

Вечерва на граѓанска трибина во Битола, беа промовирани кандидатите за градоначалници на СДСМ за сите изборни едниници, а меѓу нив и кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски.На трибината кој се одрна на плоштадот “Гоце Делчев“ зборуваше претседателот на СДСМ и премиер на Владата Зоран Заев, која реле дека тука во Битола, од градот на конзулите, заедно со нашите кандидати за градоначалници, ја бараме вашата поддршка на престојаните локални избори да направиме уште еден чекор Напред, да го избереме најдоброто за секоја општина.Претседателот Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за градоначалници во Битола и се заблагодари на градоначалничката Петровска за тоа што чесно и посветено ја водеше општината во изминатите четири години и додаде: -Ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Патот е прав. Конечно тргнавме напред. Одиме напред. И нема дилема. Најдоброто е можно единствено Напред.За кандидатот за градоначаник на Битола, Христо Кондовски рече:-Како и на другите општини, така и на Битола, потребен и е континуитет на Најдоброто, а за тој континуитет гарант се СДСМ, кандидатот за градоначалник Христо Кондовски и советниците на победничката советничка листа на СДСМ и коалицијата. Убеден сум дека битолчани на 17 октомври ќе застанат зад Христо Кондовски, но ќе застанат и зад советничката листа на СДСМ, затоа што без мнозинство во Советот, на секому ќе му биде тешко да ја води општината онака како што зацртал во Програмата.Стартуваме во победничка Битола, ИЕ 5 каде што навистина ја имаме најдобрата понуда, рече вечерва на предизборниот митинг во Битола, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, која и го најави Кондовски, кој рече:Огромна чест и задоволство ми е што вечерва можев да почуствувам огромна поддршка за мојата и визијата на битолчани на поубава Битола. Од мое и од име на кандидатите за советници, за силната поддршка која вечерва ни ја изрази му се заблагодарувам на претседателот на СДСМ и Премиер Зоран Заев, на почитуваните колеги идни градоначалници, на сите кои дадоа поддршка на караванот #Најдоброто, кој во Битола вечерва донесе победничка атмосфера и додаде:-Битола е местото каде што израснав. Тука се огништата на моите предци. Битола е мојот дом, дом на моите три деца, на моите пријатели, сограѓани. Таа ме изгради во семеен човек и успешен менаџер. Повеќе од деценија се борам во конкурентно економско опкружување, а следните 4 години ќе дадам се од себе заедно со граѓаните Битола да ја направиме модерен урбан дом за сите генерации! Да се биде битолчанец, не е само привилегија, туку аманет да ја унапредиме нашата Битола во сите области на општественото живеење. Лично сум подготвен да го вложам најдоброто од себе, да го инспирирам најдоброто во сите нас – заедно, чекор по чекор, да го оствариме најдоброто за нашата Општина! Ќе бидам градоначалник на сите граѓани, секогаш отворен и достапен за комуникација!Заев ја претстави и советничката листа на СДСМ за Битола, која ја предводи Александар Димовски.На трибината кандидатите од другите изборни единици ги претставуваа заменик претседателот Сања Лукаревска, потпретседателите Венко Филипче и Фатмир Битиќи, како и генералниот секретар Љупчо Николовски и  секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »