Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ ја започна кампањата со промоција на програмата во весник

Носителот на советничката листа на “Поинаку“ – Габриела Илиевска и кандидатите за советници денеа ја започнаа кампањата за локалните избори, на како рекоа, на поинаков начин.-Утринско кафе и весник е поим за битолчани, па токму така стартуваше и нашата кампања. Програмата на креативен и културен начин е напишана ни помалку ни повеќе туку во вид на весник, на чии страни се содржани потребите на нашите сограѓани, решенија на проблемите со кои се обратиле до нас, но и проекти кои значат оживување на нашиот град.  Битолчани секогаш денот го почнувале со кафе и весник на Широк Сокак. Традицијата мора да продолжи и Битола да биди ослободена. Новиот весник на Битола се вика “Поинаку“, а “Поинаку“ е последната шанса на Битола, велат од Поинаку.