Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ ја објави листата за советници, носител Габриела Илиевска

На ден пред официјалното започнување на политиката кампања за градоначални на Битола и советници во Советот на Општина Битола, “Поинаку“ ја објави својата листа за советници, а нема да имаат кандидат за градоначалник.

Носител на листата, како и се најави со собирањето на 350 потписи за поднесување на листата, е досегашната советничка во Советот, Габриела Илиевска.

На второ место е сега веќе екс-советникот Иван Чолаковски. Следуваат на трето место Алмир Адемовски – актовист на “Поинаку“, а следува на 4. место Снежана Валилевска. На 5. место е Никола Гаговски, а на 6. место актерот Никола Пројчевски. Јасна Николовска е на 7 место…