Press "Enter" to skip to content

Со пуштање розеви балони “Плодност“ одбележа 10 години работење (фото+видео)

Болницата “Плодност“ од Битола која е  специјалистичка гинеколошко-акушерска приватна болница, одбележа 10 години од работењето, а сопственикот прим. д-р Таше Трпчевски и вработените го прославија со пуштање на розеви балони.Без многу помпезност за прославување на јубилејот, 10 години работа, од “Плодност“ само напишаа:

🔟 години Заедништво,

🔟 години Среќа,

🔟 години Остварување на Соништата,

🔟 години Грижа,

🔟 години Доверба.

 

-Ова е дел од нашата фотосесија по повод 10 години болница “Плодност“. Мотото на нашата кампања е визуелна презентација на 10 години успешна приказна наречена @plodnost. Сите дечиња од новороденче до 10 годишна возраст се облечени во маички со бројка на нивната возраст испечатена на монограм со детски рачиња во различни бои што претставува симбол на детска радост, нов живот и среќа, напишаа во “Плодност“ и порачаа:
 
-Запознавањето со нас беше само почеток, опстојувањето заедно беше наш напредок, а заедничката работа наш успех. Ви благодариме што бевте дел од оваа успешна приказна и пред се што ни ја дадовте вашата доверба… За нас е од огромно значење!