Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Антонио Јолевски избран за претседател на Советот на јавните обвинители

Советот на јавни обвинители денес ја одржа редовната 32. седница на која се изврши избор на претседател на Советот на јавните обвинители на РСМ. За претседател на Советот на јавните обвинители едногласно беше избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, кој функцијата ќе ја извршува во наредните 2 (две) години.

Јолевски потекнува од Битола. Според објавената биографија, професионалната кариера ја започнува во битолскиот Окружен суд во 1983 година. Јавниот обвинител Јолевски, на функцијата член на СЈО дојде од Основното јавно обвинителство на Битола. Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот. Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола. Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола. Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на реизбор, а тој треба да биде од членовите на Советот кои се избрани од редот на јавните обвинители.

More from ВестиMore posts in Вести »