Денес, среда, 29 септември во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени.
Утре, четврток, 30 септември во Битола времето ќе биде претежно облачно и уште посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 17 степени.