Press "Enter" to skip to content

Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ на “Магнолија“ во Битола (фото)

Вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола предизборен митинг одржа опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата попладнево со предизборни обраќања, ветувања и промоција на програмата и кандидатите за градоначалници пред граѓаните на општина Битола за претстојните локални избори, а се претставија кандидатот за градоначалник Тони Коњановски и советниците.На митингот беа присутни и пратениците од Битола, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, претседателот на ПОДЕМ, Живко Јанлуловски и други коалициони партнери.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред битолчани кажа дека се повеќе луѓе својата среќа ја бараат надвор од Македонија.  Тој истакна дека ова не се обични избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети. Туку дека  граѓаните ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. -Заеднички патриотизам е да обезбедиме повисоки плати. Да има повеќе пари за народот во својот џеб. Да изградиме нова клиничка болница која нема да вреди половина милијарда евра затоа што овие од здравство бркаат дебели провизии. Кога ќе имаме задоволни земјоделци чија пот и мака ќе бидат исплатени до последниот денар, изјави Мицкоски.Мицковски го претстави и кандидатот за градоначалник Тони Коњановски за кој рече дека е сигурен дека ќе биде иден градоначалник на Битола, а по локалните избори кога ќе се формира ново парламетнтарно мнозинство, Битола ќе има посебен третман од новата влада.Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Коњановски истакна дека одлучил да влезе во борба за Битола, но оти за тоа му треба поддршка од граѓаните. Битола треба да биде не само еден од најголемите индустриски, економски, политички, културни и спортски центри, туку и современ образовен центар, почнувајќи од предучилишното, основното, средното до високото образование, рече кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски на вечерашниот митинг.-Ветувајќи изградба на мултифункционален спортски комплекс, Коњановски, рече дека Битола ќе стане велоград – зелен град со изградба на примарни велосипедски патеки и премини низ целиот град, рекреативни велосипедски патеки, како и уредување на пешачките и велосипедските патеки на улиците во комплексот Касарна. „Борбата за Битола, е и борба за почист град. Место да зборуваме колку е нечист градот преку социјалните медиуми, да се зафатиме со решавање на отпадот по нашите улици, да ги подобриме и модернизираме комуналните услуги. Чекор напред кон почист и поубав град се повеќе зелени површини и паркови. Ќе изградиме нов парк. Современиот парк со авантуристички содржини има и еколошка, но и функционална намена: ќе претставува нов рекреативен простор и место за одмор и уживање на битолчани, но и значајно ќе придонесе во обезбедувањето здрава животна средина, рече Коњановски на митингот во Битола.На почетокот на митингот беше претставени советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

More from ВестиMore posts in Вести »