Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена стара граната и сообраќајни контроли

На 30.09.2021 во СВР Битола било пријавено дека при ископ во дворно место на ул. „Цветан Димов” во Битола била пронајдена неексплодирана граната од 75 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка. Увид бил извршен. 

На 30.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 26 мерки против возачи, од кои 14 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 12 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 8 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »