Press "Enter" to skip to content

Фатма Бајрам Аземовска прва добитничка на награда во Брисел за интеграција на Ромите

Во Брисел беа доделени ЕУ наградите за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција – „Исклучителни луѓе кои промовираат рамноправност преку вработување“ за 2021 година, а од  РС Македонија првата награда и припадна на Фатма Бајрам Аземовска од Битола, основач на здружението “Сумнал“ Битола. 

Лансирана во 2014, ЕУ наградата за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција има за цел да ја нагласи важноста на интеграцијата на Ромите во процесот на проширување на ЕУ и да ја покаже определбата и посветеноста на ЕУ за подобрување на социјалната инклузија на Ромите. Со наградата, ЕУ ги препознава напорите за зајакнување на Ромите за да го достигнат својот целосен потенцијал како целосни членови на општествата во кои живеат и каде што работат. Наградата ќе овозможи финансирање на идни проекти и можности во корист на Ромите.