Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хиперлипопротеинемии и артериосклероза

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на хиперлипопротеинемии и артериосклероза, за што вели:

-Хиперлипопротеиниемиите претставуваат зголемување на плазматски вредности на  холестеролот и триглицеридите. Тие покрај дијабетот се еден од главните ризик фактори за појава и прогресија на артериосклероза процес кој системски ги зафаќа каротидните артерии, аортата, коронарните и периферни артерии со формирање на атероматозни плаки и последователна оклузија  на артериите и формирање на тромбоза и нарушувањ на циркулација со појава на церебрален тромботичен мозочен удар,акутен миокарден инфаркт и периферна артериска оклузивна болест.Причините за настанување на хиперхолестеролемијата или хипертриглицеридемијата може да бидат генетски фамилјарни или егзогени поради метаболни болести или нездрав начин на живот (отсуство на физичка активност, зголемен внес на сувомеснати продукти, пржена брза храна, газирани напитоци и прекумерна конзумација на алкохол).

Во процесот на продукција транспорт и метаболизам на липидите имаат улога хепарот, масно ткиво, мускули и крвни садови. Најчесто хиперлипидемиите претставуваат случаен лабораториски наод, а често со присуство на градна болка, вртоглавици, клаудикацио интермитенс, акутен панкреатитис, ксантоми и ксантелазми  околу очните капаци по  лицето, лакти, глутеус итн.

Новите препорачани  референтни вредности се до 1.4 mmol/l за LDL -холестеролот и до 1.8 mmol/l за триглицеридите со цел примарна и секундарна превенција од кардиоваскуларни настани.

Во начинот на лекување покрај корекцијата на исхраната (зголемен внес на зеленчук, овошје, јогурт, риба) како и  зголемената физичка активност во зависност од зголемените  вредности на триглицеридите и холестеролот се применуваат омега 3 и омега 6 полинезаситени масни киселини од кои еден од подобрите препарати во мојата клиничка пракса е од македонскиот производител А.Д “Алкалоид“ – Скопје кој 85 години успешно опстојува на пазарот е “биокрил а“ктив препарат кој содржи крилово масло богато на омега 3 мастни киселини и астаксантин антиоксиданс кој има улога и во редукција на зголемениот крвен притисок.В о потешките случаи на хиперлипидемии има потреба од воведување на статински препарати како аторвастатинот и најновиот росувастатин.

 

More from СоветиMore posts in Совети »