Press "Enter" to skip to content

Поради вело-трка утре од 12 до 12,30 часот отежнато движење од “Гранд Премиер“ до Нижеполе

Во организација на ВК Пелистер 15-мај од Битола и Велосипедската федерација на Македонија се организира Државно ридско првенство на 03.09 со старт во 12:00 часот, пред “Гранд Премиер“ на патот Битола – Нижеполе.

Трката се вози до ски центар “Нижополе“ во должина од 12 километри, ќе учествуваат натпреварувачи од сите велосипедски клубови од земјава кои ќе се натпреваруваат во седум категории.

Поради отежнато движење за време на натпреварот кој ќе трае 30 минути се замолуваат на разбирање учесниците во сообраќајот.

More from ВестиMore posts in Вести »