Press "Enter" to skip to content

ЛДП и ДОМ – “Одлучно“, на битолчани им ветија тартан патека и мало езерце во градскиот парт во Битола

Кандидатот за советник од ЛДП и ДОМ, движење “Одлучно“ денес заедно со дел од кандидатите а советници за Советот на Општина Битола, одржа, прес-конференција на која на битолчани им ветија две нови содржини во градскиот парк, тартан патека и мало езерце.

-Денес ќе претставиме  две нови содржини во градскиот парк во Битола, со што сакаме паркот да биде поатрактивно и уште поубаво место за сите нас. Морам да потсетам дека новиот инклузивен детски парк е направен со средства од министерството за локална самоуправа, и претставува вистинско освежување за овој дел. Факт е дека недостигаат многу содржини, а дел од нив се содржат во нашата изборна програма, со што ќе ја збогатиме понудата во овој дел од градот.Во делот каде голем дел од нашите сограѓани, трчаат секое утро и попладне, ветуваме дека ќе направиме тартан патека, со што голем дел од нашите сограѓани ќе имаат патека по која ќе можат секојдневно да рекреираат. Патеката ќе ја изградиме во првата година од мандатот, до крајот на 2022 година, а цврсто стоиме зад нашите ветувања. Ваквите патеки ги има во сите поголеми градови низ Европа и се едни од најчесто посетуваните места во Битола.Во вториот дел на паркот, веднаш од спротивната страна на “Император“, вештачко езерце околу кое ќе има голем простор за рекреација, движење и секојдневно дружење на нашите сограѓани. Ваквата идеја не   е неостварлива, со малку воља ќе ја реализираме За ова ниту се потребни многу средства, ниту посебни планови бидејќи овие делови се веќе испланирани во деталниот урбанистички план.

ОДЛУЧНО сериозно сака да ги исполни обврските кои јавно ги презема, а се она што ќе го претставиме во кампањата имаме сериозни анализи дека е можно да се реализираат.

More from ВестиMore posts in Вести »