Press "Enter" to skip to content

Нов тротоар за комплетна реконструкција на улицата “Димитар Илиевски Мурато“

По целосната реконструкција на ул. „Димитар Илиевски Мурато“, Општина Битола пристапи и кон уредување на тротоарската површина на улицата. 

Градоначалничката на Општина Битола изврши увид во финалните работни активности, со кои улицата доби сосема нов лик и се заокружува една комплетна инфраструктурна целина.  По реконструкцијата на улицата, која опфаќаше промена на дотраената водоводна инсталација и поставување на нов асфалт на коловозот, се постави и ново улично лед осветлување.

Улицата доби ново хортикултурно решение, поставени се клупи и направен е нов детски парк, на задоволство на жителите на овој дел од градот.

More from ВестиMore posts in Вести »