Press "Enter" to skip to content

Бесплатна школа за цртање во рамките на проектот “BAIR – Bitola’s joint Action for the Inclusion of Roma“

Учиме да цртаме заедно Во Битола, во месноста Баир, започна со работа бесплатна школа за цртање, која ја води академската сликарка и педагог, Анкица Стевановска. Идејата произлезе од проектот BAIR – Bitola’s joint Action for the Inclusion of Roma на “ПРЕДА Плус фондацијата“.-Изненадени сме од интересот на децата. Планиравме 10-тина деца, имаме повеќе од 30. Родителите ги носат и раскажуваат како децата убаво го минуваат времето. Среќни се кога си ги враќаат дома. Тоа е многу важно. Во моментот имаме часови по цртање, а следуваат и часови по сликање. Имаме и многу дружење на часовите, разговараме, додека цртаме слушаме и музика, истакна Стевановска.Целта на проектот е да се интегрираат децата од македонска и ромска националност кои живеат во населба Баир во една заедничка активност преку која ќе се промовира креативноста, културата и заедничкиот живот во населбата.По завршувањето на школата ќе биде организирана изложба на дела кои се создадени од учесниците на оваа работилница.Школата за сликање е наменета за децa од 10 до 14 години во организација на Преда плус фондација Школата ќе трае до крајот на месец oктомври и ќе заврши со изложба во месец ноември на тема “Животот на Баир.” Школата се реализира како дел од настаните за промоција на ромска култура во склоп на проектот Баир- Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финасиран од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »