Press "Enter" to skip to content

Високата медицинска школа домаќин на годишна конференција на Европската сестринска мрежа (фотогалерија)

Од 6 до 9 октомври 2021 г. Високата медицинска школа од Битола, во хотел “Капри“ во Битола е домаќин на 28 годишна конференција на Европската сестринска мрежа, уважена меѓународна организација.По повод пригодата и значајноста на собирот се обрати ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски којшто нагласи:-Го искажувам уверувањето дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со голема почит и силно ги поддржува активностите на Високата медицинска школа, напорите за перманентно унапредување на едукацијата и градење квалитетен здравствен кадар, во чие продуцирање се вклучени бројни размени во двата правци меѓу Високата медицинска школа и Европската сестринска мрежа. Во вашата работа поврзана со човечкиот и животот воопшто, човековата личност и достоинството како  темелни вредности,  корпусот на прашања  е надополнет со уште еден сериозен и светски предизвик, глобалната пандемија предизвикана од COVID-19.Длабоко сум убеден дека и оваа меѓународна  активност  ќе резултира со успешност, особено затоа што собирот е посветен на  човековото дејствување на подрачјето на медицината што е пошироко од медицинската пракса, бидејќи покрај научните кадри и истражувачите, ги вклучува пациентите, семејствата и во крајна линија, општеството во целина. Феноменот на сестринството, на Европската сестринска мрежа во услови на сеуште актуелната епидемиолошка криза, кај сите нас предизвикува огромна благодарност за совесното и достоинствено вршење на најблагородната професија чија најголема грижа е здравјето и доброто на пациентот, без оглед на потеклото, општествената положба, погледот на светот. За Вашата посветеност да бидете во служба на животот го имате нашиот најдлабок наклон.Од име на домаќините се обрати директорот на Високата медицинска школа, професор Домника Рајчановска при што подвлече:-Нашата еманципираност како прва и единствена членка од Република Северна Македонија во Европската сестринска отвара бројни можности за размена на кадар и студенти, овозможува споделување на искуства во градењето професионален кадар, луѓе со високо чувство на одговорност, морал  и  неопходна грижа за другите. Вработените и студентите од Високата медицинска школа остваруваат  плодни  активности, еразмус размени, учествуваат во истражувачки проекти насочени кон благосостојба и просперитет за пошироката заедница и опкружувањето. Во тие рамки, поврзувањето на Школата со европската сестринска мрежа претставува ново унапредување, градење неуморни следбеници на современите здравствени стандарди, на актуелните проблеми и потреби предизвикани од пандемијата со вирусот Ковид – 19.   Високата медицинска школа со вашата сестринска дејност и посветеност, дополнително ја интернационализира својата работа како рамноправен и почитуван учесник во пошироките европски здравствени перспективи, чија вистинска суштина е здравјето на човекот како највисока вредност.За местото и улогата на меѓународната организација, Европска сестринска мрежа којашто од основањето во 1994 година претставува своевидна, силна авангарда со придонес во вмрежувањето, размената на стручни искуства за континуирано унапредување на здравстевна дејност, која денес, повеќе од било кога е исправена пред нови, глобални предизвици се осврна главната координаторка на ЕСМ, г-ѓа Вероник Фремонт: се заблагодарувам за можноста и приликата да бидете домаќини на овогодинешната конференцијаи ми претставува особена чест да сме во Битола. Минатата година и половина беше многу тешка, необјаснива и невообичаена за секој од нас. Постојат многу вебинари и инлајн модули за стекнување интеркултурни вештини, кои се во прилог кон едукацијата на медицинските сестри, но за да се има реално искуство и да се соочите со вештините за нега со колеги и истомисленици, тоа е она што ја прави кривата на успехот во учењето, а за да ги постигнеме нашите цели и да создадеме и да ја подигнеме свеста кај нашите студенти треба да се вратиме во нормала.Во рамки на настанот гостите учесници на меѓународната годишна конференција на Европската сестринска мрежа ги поздрави и Владе Николовски, главен медицински техничар на Јавната здравствена установа, Клиничка болница Битола.Благодарност до здравствени институции и професионалци кои помагаат да се реализираат и одржат студентските размени во рамките Мрежата како  изрази професор Изабела Филов, координатор на Европската сестринска мрежа за ВМШ.Високата медицинска школа Битола од 2012 гидина е прва и единствена членка од република Северна Македонија во Европската сестринска мрежа (Euroepean Nursing Module).