Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер започнува со продажба на сезонски билети за домашните и европските натпревари

РК Еурофарм Пелистер од Битола ја известува јавноста, своите приврзаници, симпатизери и навивачи дека од сабота (9 октомври) започнува претпродажбата на сезонски билети за домашните натпревари во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Сите пет домашни натпревари од групата Д може да се набават во следните седум дена по цена од 1.000 денари на следните продажни места:
– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk
 
Можност за подигнување на билети имаат љубителите на ракометот со:
– вакцинален сертификат
– потврда за примена најмалку прва вакцина
– потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин
 
Домашни натпревари во ЕХФ Лига Европа на Еурофарм Пелистер во групната фаза:
19.10.2021 – Еурофарм Пелистер – Ним
23.11.2021 – Еурофарм Пелистер – Татабања
07.12.2021 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
22.02.2022 – Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
08.03.2022 – Еурофарм Пелистер – АЕК Атина
 
Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним ќе бидат пуштени во продажба следниот петок (15 октомври).
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »