Денес прес-конференција одржа Горан Милевски, кандидат за градоначалник од ЛДП, од Коалицијата “Одлучно“, при што зборуваше за чист и зелен град, а посебно за мерките кои ќе ги преземат за станбените-колективни згради и рече:
-Коалицијата “ОДЛУЧНО“, како една од мерките за следните избори, а поврзана со нашата желба за чист и зелен град, се обврзува дека ќе направи неколку работи кои се исклучително важни за граѓаните кои живеат во колективни згради:
-Енергетско-ефикасни фасади на старите згради за започнуваме од трите “лепотици“, и за нив веќе имаме идејно решение. Целокупниот трошок ќе биде на Општина Битола, а за четири години ќе ги ревитализираме сите стари згради. Потоа продолжуваме со “Карпош“ и зградите кај “Ремо“.-Секаде каде што посоти можност ќе поставиме лифтови и со тоа ќе го олесниме животот на многу стари лица, кои живеат во постари згради во кои нема лифтови.
-Ќе поставиме нов противпожарен систем за поголема безбедност на сите станари.
Сметаме дека во овоие триесет години не е направени ништо за овие станари, и дека е време градот да им врати дел од даноците кои ги плаќаат.