Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 8 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на Ковид-19, а во Битола се 8.

Регистрирани сe 240 оздравени пациенти од кои од Битола се 9.

Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 52 и преку “Плодност“ 59 ковид тестови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029.

More from ВестиMore posts in Вести »