Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 се враќа во Битола со петта победа по ред

Скопје 2020 – Еурофарм Пелистер 2 24:29 (12:14)

Спортска сала „Борис Трајковски – Скопје, гледачи: 200
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски 

Скопје 2020: Стојковски, Петковски, Ф. Василевски 4, Мишевски 4, Чакалиќ 3, А. Василевски 2, Грујовски 2, Благопетров 1, Пешевски 2, Димчевски, Стојановски, Киселовски 2, Блажевски, Калајџиски  2, Пешкирски

Еурофарм Пелистер 2: Трајковски, Јовановски, Кузманоски 6, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 5, В. Димитровски 1, Митревски 1, Петровиќ 3, Андонов 1, Димитриоски 4, Талевски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Белистојановски, Ѓукиќ 4, Блажевски, Арсеновски 1. 

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 продолжија и во 6. коло со одличните и во Битола се враѓаат со петта победа по ред. “Пелистерци“ во Скопје ја победија екипата на Скопје 2020, која дебитира во најквалитетното ракометно друштво, со 24:29, полувреме 12:14.

“Пелистерци“ одлично го започнаа мечот во Скопје и резултатско се одлепија на половина од првото полувреме со +5 (4:9). Потоа по падот на играта Скопје 2020 се доближи на -1 (10:11), а на одмор се отиде со 12:14.

На стартот од вториот дел Павле Атанасијевиќ одново докажа дека игра во фантастична форма и со три брзи гола го одведе својот тим на +6, позитива која што беше недостижна за домаќините. На крај битолчани извојуваа убедлива победа од 24:29.

Најефикасни на Еурофарм Пелистер 2 Кузманоски со 6 и Павле Атанасијевиќ со 5 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »