Press "Enter" to skip to content

Милевски: современи и брзи податоци за детектирање на сите загадувачи

Кандидатот за градоначалник на Битола, од Коалицијата “ОДЛУЧНО“, Горан Милевски, заедно со неколку кандидати за советници, денеска се сретна со неколку невладини организации кои ја сочинуваат платформата ЗЕМИ ЗДИВ и разговараше за проблемите кои ги има Битола со чистиот воздух и со здравата животна средина.

-Битола има проблеми со чистиот воздух, Битола има проблеми со здравата животна средина и неопходни се брзи, енергични и храбри мерки за нивно надминување.  Мора да се користат современи и брзи податоци за детектирање на сите загадувачи и брзо реагирање на надлежните инспекции. Помошта од секој е добредојдена и во новиот мандат ќе бидат искористени сите поединци, невладини организации и експерти кои сакаат и можат да помогнат, рече Милевски, по средбата.
More from ВестиMore posts in Вести »