Press "Enter" to skip to content

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со граѓани (фото)

Денес во Битола е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој присуствуваше на отворањето на канцеларија на улицата “Никола Тесла“, а како рече ќе оствари и средби со граѓани, ќе посети многу домови за на битолчани им ја претстави програмата за престојните локални избори.Мицковски по средбата со граѓаните рече:

-Убеден сум во политички пресврт во Македонија што ќе се случи по 17 октомври, а потоа и новото парламентарно мнозинство. Идната Влада која ќе ја формира  ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен фокус за Битола во насока на враќање на сјајот на градот каков што го заслужуваат битолчани, а што се однесува пак до изборната трка, тој ја спореди со легендарбата битка за Тексас, кај Аламо и додаде:

-Изборната трка во Битола за мене, буквално да се изразам претставува битката за Аламо. Овде во Битола се спротивставуваат два сосема различни концепти, еден концепт за многу работа, со труд и еден друг концепт што сака да не работи, а да стане трут. За резултатите кои ги очекува во Битола рече:

-Убеден сум дека на 17 октомври, СДСМ, во Битола ќе доживее дебакл бидејќи битолчани нема да дозволат Битола да биде реплика на Струмица. Битола е конзулски град и заслужува луѓе кои што така и се чувствуваат. Тони Коњановски ќе има голема победа во Битола, истакна Мицкоски. Им порачувам на битолчани, 17 октомври е денот кога се бориме и ќе се избориме за Битола.

Тони Коњановски за кампањата, проектите кои ги нуди на битолчани рече:-Од првиот ден на кампањата јасно кажувам дека јас ќе бидам Градоначалник ЗА сите и НА сите. Оваа канцеларија е место повеќе каде ќе се сретнуваме со граѓаните на Битола, за да разговараме и да се договориме како да си го подобриме живеењето во општината. Моите топ проекти произлегоа токму од вакви директни средби со битолчани. Тие беа прецизни во барањата јас како иден Градоначалник да работам на привлекување нови инвестиции, и додаде:Прв приоритет во мојата изборна кампања се отворање на нови работни места во општината преку директна поддршка на компаниите, но и на малите фамилијарни бизниси и дуќанџиите. Втор приоритет во мојата програма е интензивна реконструкција и изградба на општинската инфраструктура: улици, кружни текови, основни училишта, паркови, градинки, спортски мултифункционален комплекс. Тоа е она што фали за да имаме едно современо живеење. Конкретни проекти за намалување на загадувањето во Битола се гасификацијата и топлификацијата на Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »