Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две лица приведени по пукање на “Охридска“, физички напад во село Меџитлија

На 09.10.2021 во 18.50 часот од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода лица на возраст од 45 години, двајцата од Битола, постапувајќи по пријава дека околу 18.30 часот на ул. „Охридска“ во Битола испукале проектил во воздух. Од едното лице биле одземени метална шипка и нож, а од другото бил одземен пиштол „магнум 44“. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 10.10.2021 во 03.05 часот А.Р. од Битола пријавил дека на 09.10.2021 околу 23.00 часот во атарот на село Меџитлија бил физички нападнат со тврд предмет од лице од Битола и уште едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »