Press "Enter" to skip to content

Во Битола 2 нови позитивни на ковид-19 и 10 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нов случај на КОВИД-19 од Битола се 2.

Регистрирани сe 165 оздравени пациенти од Битола се 10.

Во Битола до сега има 7.189 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 194 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.