Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ за видео надзор на јавни површини и фреквентни улици

-За конечно да имаме “Поинаква“ Битола, најпрво треба да ја исчистиме, но и да ја одржуваме таква секојдневно. Потребно е расчистување на дивите депонии, а не нивно затскривање, да не се дозволи фрлање и одлагање на градежен смет и шут, како и испаша и движење на домашни животни на јавни површини. Со еколошка полиција која ќе работи во рамките на Општина Битола и ќе врши контрола, патрола и превенција, градот ќе добие чисти паркови, улици и здрава урбана опрема, велат од “Поинаку“ и додаваат:

-Поставувањето на видео надзор на јавни површини и фреквентни улици, согласно законските прописи, пред се ќе овозможи поголема безбедност и сигурност на граѓаните, но исто така ќе биде од голема помош на институциите во спречување на уништување на урбаната опрема и зеленило, како и регистрирање на прекршоци од повеќе области.