Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со дожд, попладне со сончеви периоди

Денес, 12 октомври, во Битола, според Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 13 степени.

Утре, 13 октомври, во Битола, времето ќе биде претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Поладне облачно, а во текот на ноќта врнежите ќе продолжат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 13 степени.