Меѓу средношколците од прва година во СЕУ „Јане Сандански“ од Битола се одржа едукативно предавање на тема „Младите и алкохолот – Опасности кои произлегуваат од конзумирање алкохол кај тинејџерите“. Предавањето беше во рамки на Програмата за превенции за 2021 година на Општинскиот совет за детско престапништво од Битола (ОСПДПБ).Директорот на училиштето Александар Цветковски за ова предавање рече:
-Нашето училиште се вклучи во оваа Програма за превенции. Едукативното предавање се одржа меѓу ученици од прва година во насоки на едукација и превенција за последиците, опасностите кои конзумирањето на алкохолот ги носи со себе.
Предавањето „Младите и алкохолот – причини последици и опасности го одржа Жанета Ристевска психолог член на ОСПДП и работната група вклучена во Програмата за превенции 2021 со предавања на различни теми меѓу средношколската младина.-Целта на предавањето беше едукација, посебно насочено кон опсностите од конзумирање алкохол меѓу тинејџерите, за да станат свесни за последиците. Денес младите алкохолот го доживуваат како нешто безопасно, алкохолт и е лесно достапен, пијат од досада или да се приклучат кон групата. Мислат дека имаат некои големи проблеми, па решение наоѓаат во алкохолот, всушност се создава само уште поголем проблем. Свест за опасностите кои со себе ги носи оваа зависност која која е многу распространета како да не постои. Секое излегување во град, прослава на роденден или било кој друг повод подразбира конзумирање на алкохол и така настанува пат кој неминовно води кон зголемен број на потенцијални зависници од алкохол.
Педагогот во СЕУ „Јане Сандански“ Анета Ристевска изјави дека предавањето го следеа ученициоте од I 3 клас и активно се вклучија во дискусија на тема која им е блиска, свесни за опсностите кои ги носи со себе алкохолот.