Еурофарм Пелистер – Скопје 2020 38:12 (17:5)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви (Скопје)
Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 2, Маркоски 1, Маџовски 1, Кукуловски 3, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски 2, Костески 3, Велковски 4, Божиќ Павлетиќ 7, Граџан 1, Обрадовиќ 4, Табоада 3
Скопје 2020: Стојкоски, Ф. Василевски 3, Мишевски 1, Чакалиќ 1, Тркалески, А. Василевски 1, Петковски, Пешкирски, Грујовски 2, Пешевски 1, Димчевски 1, Стојановски, Киселовски 1, Блажевски, Калајџиски 1.Екипата на Еурофарм Пелистер попладнево во Битола дојде до лесна победа на екиоата на Скопје, а тоа беше и последен сериозен тренинг на тимот на Бабиќ пред првата средба од Евро лигата против Ним, вторник во Битола.
Еуерофарм Пелистер го победи Скопје 2020 со 38: 12 и запишаа лесни бодови во рамките на седмото коло на Суперлигата.
Домаќините одлично отворија, брзо дојдоа до +4, а во 21. минута предноста веќе беше двоцифрена 13:3. До одморот таа се зголеми на високи +10 или 17:5.
Во вториот дел домаќинот опуштено ја одржуваше предноста. Сите кои добија шанса, ја искористија, се запишаа меѓу стрелците за финална победа од 38:12.