Press "Enter" to skip to content

Во Битола до 13 часот гласале 25 проценти од вкупниот број избирачи

Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 13 часот гласале 25 проценти, од обработени 90% од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список во кој се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас, е објавено на веб страната на ДИК.

Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола.

На Локалните избори во Битола евидентирани се шест кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.