Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 17 часот на Локалните избори гласале 46 проценти од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список каде се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.
Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола, a на Локалните избори евидентирани се 6 кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.