Press "Enter" to skip to content

Со полагање цвеќе на бистата на Даме Груев, ОК на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа денот на македонската револуционерна борба

ОК на ВМРОо-ДПМНЕ од Битола го одбележа денот на македонската револуционерна борба со полагање на свежо цвеќе на бистата на Даме Груев во дворот на Заводот и Музеј во Битола. Цвеќе положија кандидатот за градоачалник Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Пеце Милевски, унијата на млади сили, ветераните, претставници на здруженија и други.

Коњановски по повод денот на македонската револуционерна борба честитајки го празникот рече:-На овој ден во 1893 година е формирана организацијата која ќе го промени текот на македонската историја! Организацијата која се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, организација која е зачеток на формирањето на современата македонска држава! Мои битолчани,  23 октомври – денес е борба за надеж и спас на Битола, борба за зачувување на Битола од бизнис пајташите кои сакаат од неа да заработат, место за неа да работат, борба за почиста и поздрава Битола, борба за да ни останат младите овде, за подобри работни места, борба за Битола, град на културата, град на спортот, борба за Битола со современа патна инфраструктура, борба за еднакви услови за живот и во градот и во селата, борба за современи градинки и училишта, како што заслужува секое дете! Денес е борба во која сме сите заедно и токму заедништвото на битолчани ќе ја понесе победата за Битола на 31 октомври! Нека ни е вечна Битола, нека ни е вечна Македонија! 

More from ВестиMore posts in Вести »